Транспорт на габаритна опрема и машини
Професионален транспорт на тешка механизација и габаритна опрема, изведен со високо ниво на организација, сигурност и техничка контрола.
Oбезбедуваме прецизно товарење, стабилно фиксирање и навремена испорака, со целосна логистичка поддршка за непречена реализација на вашиот проект.
Ископ и земјени работи
Прецизна изведба на ископи и земјени работи со современа механизација и искусен тим, прилагодена на различни типови терен и проектни барања.
Гарантираме ефикасна реализација со контролиран процес на работа и стабилна основа за понатамошна изградба.
Инсталација на кабли и електрична инфраструктура
Професионална изведба на подземни кабелски линии и електрична инфраструктура, прилагодена на индустриски и градежни проекти. Обезбедуваме технички прецизна изведба, усогласена со релевантни стандарди и оптимално поставени кабелски линии за сигурно и стабилно функционирање.